
Герила акција во Струга: Активисти со светлечки пораки апелираа за чист воздух и вода, објави 4NEWS.mk
Граѓански активисти од Струга доцна синоќа презедоа герила акција, проектирајќи силни пораки на фасадата на општинската зграда. Со светлечки натписи како „Нема воздух, нема вода, нема живот“, „Воздух или смрт“, „Сите се труеме“, „Струга се суши“ и „Чист воздух е право, а не привилегија“, тие го искажаа револтот против еколошкото загадување кое со години го измачува градот, пишува СДК.МК, објави 4NEWS.mk
Активистите предупредуваат дека живеењето во Струга е опасно, најмногу поради дивата депонија која се наоѓа на само 500 метри од првите куќи. Локацијата е особено критична бидејќи е во близина на реката Црн Дрим и на само 2 километри од Охридското Езеро, што претставува директна закана за целиот екосистем.
Откако домашните судови ја отфрлија тужбата поднесена од Здружението на млади правници, правдата сега се бара вон границите на државата. Судот за човекови права во Стразбур ќе одлучува за овој, како што го нарекуваат активистите, најголем еколошки и здравствен проблем во Струга. Со оваа акција, тие се надеваат дека ќе се подигне свеста и ќе се изврши притисок врз надлежните да преземат конкретни мерки за решавање на проблемот со депонијата, објави 4NEWS.mk
View this post on Instagram