Регистрациона канцеларија на Централниот регистар повторно отворена во Пробиштип

Uncategorized

Пробиштип повторно доби Регистрациона канцеларија на Централниот регистар, која официјално беше отворена пред неколку дена.

Во обиколка на новоотворената канцеларија присуствуваше директорката на Централниот регистар, д-р Анита Стамнова, заедно со дел од својот тим. Тие ги презентираа услугите што ќе им бидат достапни на граѓаните и правните субјекти.

Со ова, жителите на Пробиштип и околните населени места повеќе нема да мора да патуваат до соседните општини за да добијат потребна документација или услуги од Централниот регистар.

Од институцијата порачуваат дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се грижи за сите граѓани со конкретни проекти и мерки, нагласувајќи дека промените се веќе започнати.