МАН: Режимот на СДСМ сеуште повикува на инквизиција – Јавното обвинителство да превземе мерки кон функционерот Костадин Костадинов

Uncategorized

Македонската асоцијација на новинари (МАН) гоповикува јавното обвинителство веднаш и недоложно послужбена должност да преземе мерки за јавни закани поживотот на новинарот Драган Павловиќ Латас одфункционерградоначалник на Струмица КостадинКостадинов, по најмалку 6 членови од Кривичниот законик.

Функционерот на СДСМ градоначалник КостадинКостадинов, преку комјутерски, информатички систем(социјалната мрежа Фејсбук) јавно објави експлицитнизакани по животот на новинарот Драган Павловиќ Латас, на ден 29.06.2025 година (принт скрин во прилог).

Од експлицитните закани од градоначалникот КостадинКостадинов кон новинарот Драган Павловиќ Латасиздвојуваме:

Кога ќе шеташ по улица, ќе гледаш преку рамоќе тидојде наплатата !!

Цела фамилија те чека за суд што ние го држиме !!

Правдата се зема !!

Осветата ќе си ја добиеш!!

Освен овие експлицитни закани од Костадин Костадинов, неговиот статус е преполн и со имлицитни закани заживотот на новинарот Драган Павловиќ Латас.

Јавното обвинителство е должно по службена должност веднаш и неодложно да преземе мерки против градоначалникот Костадин Костадинов кој во свое име и во име на целата негова фамилија изврши закани по повеќе основи од Кривичниот законик:

Согласно член 122, став 9 од Кривичнот законик, новинар е службено лице.

Согласно член 143 од КЗ, Костадинов какоградоначалник врши малтретирање во вршење наслужбата

Согласно член 144 – Загрозување на сигурноста, Костадинов врши серизони закани дека ќе нападне постав 1, став 3, став 4, а во врска со член 123 одКривичниот законик за кривични дела против животот и телото.

Истовремено, согласно член 382 од Кривичниот законик, Костадинов спречува службено лице во вршење наслужбено дејствие (член 1, 2 и 4)

Согласно член 392 – самовластие, Костадинов се закануваво свое име и во името на неговата фамилија (став 1, 2 и 3).

Дополнително на ова, неговиот статус со експлицитни закани по животот и безбедноста на новинарот Драган Павловиќ Латас, поттикнува закани по животот и насилство и од други лица, што е видливо и од коментарите на неговиот пост. (принтскрин во прилог)

Затоа, бараме неодложно и веднаш, јавното обвинителство по службена должност и по ова наше јавно известување да преземе дејствија кон градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов.

СДСМ да се извини и да се огради – партијата има долг историјат на насилство против новинари

Во изминатите 7-8 години, Македонија забележа невиден пад во индексот на слободата на медиумите до ниво на хибриден режим и во 2024 година, а минатата година, како последна од власта на СДСМ, забележа пад од 6 места во однос на 2023 година. Излезе од хибриден режим во 2025 година.

Македонската асоцијација на новинари (МАН) е сериозно загрижена по заканите од градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов, член и функционер на политичката партија СДСМ, чии јавни настапи се преполни со закани и агресија кон секого и статуси на социјалните мрежи коине се насочени само кон новинарот Драган Павловиќ Латас, туку и кон домашни политички актери, но и мешање во внатрешни работи на странски меѓународно признати држави.

Да потсетиме, СДСМ како режимска партија, има долг историјат на насилство против новинари, закани, притисоци, прогони, омаловажувања, навреди, клевети и лаги од нивните функционери, како што го правеше менторот на Костадин Костадинов, поранешен премиер и претседател на СДСМ – Зоран Заев.

Две телевизии, три весници беа затворени за време на режимот на СДСМ и ДУИ од 2017 до 2024 година. Над 64 новинари и медиумски работници беа кривично прогонувани во истиот мандат, најмалку тројца завршија со кривични пресуди. Со забрани за извршување на новинарската работа во институциите на државата се соочија најмалку 10 медиуми за време на режимот на СДСМ. Седум главни уредници со наредби од врвот на власта беа сменети во режимот на СДСМ. Физички повредени беа најмалку 10 медиумски работници од членови и симпатизери на СДСМ и ДУИ. Можеме да набројуваме во недоглед колку инквизиторски постапки против новинари и медиуми презема политичката партија СДСМ.

Овие последни закани од градоначалникот Костадинов, се серизно кршење не само на новинарските права, слободи, туку и на основните човекови права на живот, безбедност, движење.

Освен што бараме недоложна и итна постапка од јавното обвинителство, бараме и од политичката партија СДСМ да си преземе мерки против своите членови кои се закануваат по безбедноста и животот на новинарите, во конкретниов случај против Костадин Костадинов.

Бараме од раководството на СДСМ да се огради од заканите на градоначалникот на Струмица и член на партијата и јавно да се извини не само за овие закани, туку за инквизицијата и фашизмот кои ги спроведуваа кон новинарите и медиумите во изминатите 8 години. Доколку не се извинат, ќе сметаме дека тие се соучесници во истите и ја продолжуваат традицијата на недемократски практики и методи на закани и замолчувања.

За овие закани од градоначалникот Костадинов од СДСМ, МАН веќе испрати известување со Светската и Европската федерација на новинари.

Нашиот правен тим веќе ги презема сите правни мерки за санцкионирање на градоначалникот на Стрмица и член на СДСМ Костадин Костадинов.

Костадинов одбра закани по живот наместо институционална разврска

Во демократско општество, јавните функционери имаат обврска да негуваат културен и одговорен однос со медиумите, да ја почитуваат нивната работа и да се воздржат од закани, квалификации, дискредитации и навреди.

Ваквите закани, создаваат непријателска атмосфера за работа на новинарите и се притисок врз слободата на изразување и медиумската независност.

Особено е загрижувачки кога ваква комуникација доаѓа од јавни функционери, односно партиски експоненти, бидејќи освен што го девалвираат угледот на институцијата што ја претставуваат, ваквите изјави поттикниваат зголемена омраза во јавниот дискурс и можат да доведат до дела мотивирани од омраза.

МАН ги повикува сите носители на јавни функции, вклучително и г. Костадинов, да ја почитуваат слободата на медиумите и достоинството на новинарската професија, и да ги користат институционалните механизми доколку имаат забелешки на медиумски содржини, наместо да се впуштаат во закани по живот, навредливи и омаловажувачки коментари на социјалните мрежи.

Скопје, 30.06.2025 година

Македонска асоцијација на новинари (МАН)