
Националната агенција започнува летни курсеви по англиски и информатика за деца од ранливи категории
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во рамките на иницијативата „Направи чекор“, го најавува започнувањето на летни интензивни курсеви по англиски јазик и информатика, кои ќе се реализираат преку eTвининг-мрежата под наслов „Јазикот и технологијата во служба на квалитетен eTвинигпроект“.
Курсевите ќе се одржуваат во текот на јули и август 2025 година, и ќе бидат наменети за ученици од ранливи социјални категории, организирани во групи според нивото на знаење, од почетно до напредно.
Во реализацијата ќе бидат вклучени наставници по англиски јазик и информатика, кои ќе работат по прилагодени програми и ќе користат специјализирани материјали за забрзано учење. Преку оваа иницијатива, Националната агенција ќе овозможи бесплатна обука за 600 деца од ранливи категории, поттикнувајќи го развојот на нивните јазични и ИКТ ваштини преку современи и достапни образовни можности.
Оваа иницијатива е значајна бидејќи претставува јасен пример за тоа како образованието може да биде моќна алатка за инклузија, обезбедувајќи еднакви можности за сите деца, без разлика на нивната социјална или економска позадина.
Целите на иницијативата се многустрани: да се унапредат јазичните и дигиталните вештини на учениците; да се поттикне самодоверба и мотивација кај младите; да се промовира проектно учење; да се создаде основа запонатамошно учество во европски образовни проекти ида се изградат одржливи локални практики кои ќе гиподдржат учениците и по завршувањето на курсевите.
Со примена на иновативни методи, ангажиранинаставници и вредни партнерства, оваа програмапретставува вистински чекор напред кон поинклузивно, поквалитетно и европски ориентирано образование во Р Македонија.