Претпладне сончево, попладне дожд и грмежи

Времето денес

Денеска во Македонија се очекува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а во северните делови засилен северен ветер, кој ќе предизвика опаѓање на дневната температура за 3 до 5 степени.

Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а попладне засилен северен ветер.

Дневните температури ќе достигнат до 34 Целзиусови степени.