
Коњановски на терен по инцидентот во Битола: Ќе се затвори градилиштето,за среќа нема повредени
Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, веднаш излегол на лице место по немилиот настан што се случил при изведување на градежни активности на приватен објект во просторот на старата битолска касарна. Тој информира дека Општина Битола ќе реагира согласно своите надлежности.
„Со мене на терен е и овластениот градежен инспектор кој ќе изврши целосен надзор врз активностите на инвеститорот, изведувачот и надзорот на објектот каде се случи инцидентот“, истакна Коњановски.
Среќна околност е што според информациите од Клиничката болница Битола и итната медицинска служба, нема пријавено повредени лица. Причинета е само материјална штета.
Објектот поседува уредно издадено решение за градба, но ќе биде издадено и решение за затворање на градилиштето додека не се расчистат сите околности поврзани со настанот.