
БИТОЛА: ПОСТАВУВАЊЕ СИГНАЛИЗАЦИЈА ЗА ТРАЕН РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ НА УЛИЦА „БУЛЕВАР 1 ВИ МАЈ“
Општина Битола, од утре започнува со поставување на ознаки за нов траен режим на сообраќај на улица „Булевар 1 ви Мај“, на потегот од „Дрвеното мовче“, до „Ленски мост“.
Со поставените ознаки, согласно сообраќајниот проект, ќе се забрани паркирање на возила на коловозот во овој дел и ќе се овозможи непречено движење на пешаците.