БИТОЛА: И УЛИЦАТА КАЈ „БЛИС“ ЦЕЛОСНО ЌЕ СЕ ПРЕАСФАЛТИРАБИТОЛА: И УЛИЦАТА КАЈ „БЛИС“ ЦЕЛОСНО ЌЕ СЕ ПРЕАСФАЛТИРА

Uncategorized

На барање на општината, изведувачот и на улицата кај „Блис”, започна со подготовка за целосно преасфалтирање на оваа улица, поради оштетувањата кои беа констатирани изминатиот период, соопштија од Општина Битола.

 

Градоначалникот Коњановски, потенцира дека, квалитетот на извршената работа, секогаш мора да биде на задоволително ниво и нема да се дозволи проектите кои се реализираат да имаат било какви недостатоци.

Од општината информираат дека од денес започнаа активностите за отстранување на оштетениот коловоз и подготовка за повторно асфалтирање на улицата „Бурса”.

 

Фото: Општина Битола