Фетаи на средба со амбасадорот на ЕУ Рокас: Европската интеграција е единствена стратешка алтернатива

Uncategorized

Заменик-претседателот на Владата, Арбен Фетаи, заедно со поранешниот министер Азир Алиу, оствари средба со амбасадорот на Европската унија во Скопје, Михаелис Рокас.

„Остваривме топол и содржаен разговор со амбасадорот на ЕУ, нашиот ценет пријател Михаелис Рокас. Нашето партнерство со Европската унија е непоколебливо, со целосен фокус на реформската агенда, економскиот развој и одржливиот напредок,“ објави Фетаи по средбата.

Тој истакна дека Европската унија е „наш дом“ и дека евроинтеграцијата останува единствената стратешка насока за државата.

Средбата се оценува како дел од продолжените активности за зајакнување на соработката со европските институции и придвижување на земјата кон членство во ЕУ.