
Меџити за разрешувањето на Таравари од Владата: Играта дури сега почнува и ќе се игра на теренот на Европскиот фронт
Изет Меџити од ВЛЕН денеска се огласи по повод разрешувањето на Арбен Таравари од Владата.
Тој изјави дека „играта дури сега почнува и нема да заврши со заминувањето на Таравари“, алудирајќи дека ќе има поместувања на пратеници од Европскиот фронт.
„Владата е стабилна, работиме на решавање на проблемите на граѓаните. Ние се грижиме за граѓаните, а тие другите се грижат за Ахмети. Но секој ќе одговара. Приоритет за нас се граѓаните и нашите гласачи,“ рече Меџити.
Тој истакна дека „на почетокот во ДУИ членовите ги држеа со лаги дека ќе се вратат за еден-два месеца, а сега е новата лага дека ќе се вратат наскоро. Што се однесува до пратениците, играта не завршила – таа допрва почнува. Ако некој мисли дека со заминувањето на Таравари сè е завршено, ќе видиме дека токму сега почнува и ќе се игра на теренот на Европскиот фронт“, порача Меџити.