
(ВИДЕО) ЛАЗАРОВ: „Едвај чекам МИНИСТЕРКАТА ЗА ФИНАНСИИ да ми биде гостинка…“
Инфлуенсерот Стефан Лзаров со видео коментар на објавите од Канал 5 : „Едвај чекам министерката за финансии да ми биде гостинка“ – порачува тој.
Видеото на следниот линк:
Инфлуенсерот Стефан Лазаров и контроверзната јавна личност Бојан Јовановски познат како Боки 13 организираат доделување на стан во Скопје, објави Канал5 телевизија. Предметот наиде на голем интерес во јавноста, а наведените лица немаат доставено барање до Министерството за финансии. Бидејќи наградата игра се спроведува без дозвола за приредување на наградна на истото согласно Законот за игри на среќа и забавните игри министерството за финансии в понеделник во контрола кај Боки 13 и Стефан Лазаров.
„Како одговор на значителниот јавен интерес за овој случај, во понеделник надзорните органи при Министерството за финансии ќе извршат соодветни контроли на оваа дејност, а во случај на неправилности ќе бидат преземени соодветни мерки согласно законот. Задутре министерството за финансии ќе изврши контрола на Стефан Лазаров и Бојан Јовановски познат како Боки 13, објави Канал5 Телевизија.
„Сакаме да нагласиме дека Министерството за финансии дава одобренија за приредување игри на среќа согласно Законот за игри на среќа и забавни игри, кој ги дефинира игрите на среќа како оние во кои учесниците имаат еднакви можности за победа преку директни или индиректни плаќање на одредена сума (влог), а исходот на играта зависи исклучиво или претежно од случајноста или неизвесен иден настан во играта“, велат од министерството за финансии.
Оттаму посочуваат дека предметниот подарок не е дејност регулирана со Законот за игри на среќа и затоа Министерството за финансии не е овластено да издава одобрение за ваква организација – подароци на социјалните мрежи.
„Дополнително, со оглед на зголемената застапеност на оваа активност на социјалните мрежи, Министерството за финансии ги разгледува можностите за нејзино законско регулирање.