Разликата е голема ПРВИОТ КРУГ ГО РЕШИ И ВТОРИОТ КРУГ: Почеток на нова ера

Македонија, Политика

Гордана Силјановска Давкова, кандидатот на ВМРО ДПМНЕ, има голема предност пред актуелниот претседател Стево Пендаровски пред одлучувачкиот круг на изборите, пишува БиБиСи Србија.

„Еј, Македонијо, ти си бисер Балкански “, се слушаше во средата вечерта во центарот на Скопје, додека симпатизерите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ го славеа резултатот од првиот круг од претседателските избори.

Зурли свириеа, се слушаа тапани, заедно со бакли, прегратки и селфи.

Од другата страна на градот, во седиштето на владејачката СДСМ, мрачен молк по најслабиот резултат на партијата во последните 20 години.

Гордана Силјановска Давкова, кандидат на конзервативната ВМРО, освои околу 40 отсто од гласовите, а актуелниот претседател на државата, социјалдемократот Стево Пендаровски, двојно помалку – 20 отсто, покажуваат податоците на Државната изборна комисија, врз основа на 99 проценти од преброените ливчиња.

 

Додека се зголемуваше гужвата околу неа и еуфоријата во изборниот штаб, Силјановска Давкова кратко и со насмевка за Би-Би-Си на српски изјави дека не може да поверува кога ги видела резултатите.

„Постои шанса Македонија да биде поинаква земја, се што се случи досега мора да се надмине“, вели таа.

Практично се работи за разлика од 175.000 гласови пред нивната средба во вториот круг од претседателските избори на 8 мај.

„Непишано правило во Македонија е луѓето во политичка еуфорија да гласаат за победникот, па предноста веројатно ќе се зголеми во вториот круг“, изјави за Би-Би-Си на српски скопски политички аналитичар Милан Стефановски.

„Но, ќе видиме, се е можно во Македонија.

Џелал Незири, политички аналитичар од Тетово, град во северозападниот дел на Македонија, додава дека истражувањата укажуваат на можноста за победа на кандидатот на ВМРО, но дека бил многу изненаден од разликата.

„Прашањето кој ќе биде претседател на државата е веќе решено во првиот круг“, изјави тој за Би-Би-Си на српски јазик, додавајќи дека ВМРО лесно може да ја формира следната влада.

Заедно со вториот круг од претседателските избори, граѓаните на Македонија ќе гласаат и на парламентарните избори на 8 мај.