Мисајловски: Поддршката е огромна, народот масовно се приклучува кон бранот на промени

Македонија, Политика

Потпретедателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во втората изборна единица, Владо Мисајловски продолжува со низата средби со граѓани.

Денеска се сретна со кумановци и со спортските работници во Соколана, Општина Куманово.

-Убеден сум дека промените доаѓаат најпрво на 24 април а потоа и на 8 мај. Поддршката на терен е огромна, секој ден е се помасовна. Народот масовно се приклучува кон бранот на промени кој носи стабилна економија, прогрес и просперитет! Број 2 за Гордана Силјановска Давкова за претседател на Македонија, напиша Мисајловски на Фејсбук.

ВМРО-ДПМНЕ денеска одржува митинзи во Петровец, Центар и Кисела Вода.

https://www.facebook.com/misajlovskivlado/posts/961407332025675?ref=embed_post