
Контроверзниот израелски ПР стратег работел и со Заев?
Скапиот и сомнителен PR стратег, Еисин работел на кампањата за референдумот со поранешниот премиер Заев? Ова прашање се поставуава во јавноста откако името на израелецот Асаф се актуелизираше на македоснакта политчка сцена, како лице кое тера кампања за СДСМ плаќано со црни перени пари во кеш, јави ТВ Алфа.
Во недостаток на официјални инфомации дали навистина работи за нив и како е плаќан, се повеќе сознанија се лиферуваат во јавноста за неговата инволвираност.
Неговото име не тотално непознато пред овој скандал, дел од медиумите и претходно предупредуваа за Еисин и неговите ментори, но и соработници. За начинот на кои тие работат, какви кампањи прават и што поседуваат во Македонија.
Како главен ментор на Еисин се споменува Тал Силберстеин, познат израелски политички консултант и претприемач. Тој стана пошироко познат, во негативна смисла, во 2017 година, кога беше обвинет дека креирал црна и валкана кампања во Австрија. Токму учителот на Еисин, има фотографија и со екс-премиерот Заев, а според информации на Фокус, има и казина на излез на Скопје.
„Силберстеин има регистрирано приватна компанија во земјава, чие седиште е лоцирано на иста адреса со познато казино во скопско Визбегово, каде има уште неколку компании поврзани со израелски ПР-експерти. Меѓу нив е Зив Ерез, кој самиот открива дека работел во земјава на парламентарните избори во 2020 и на локалните избори во 2021 година,“ пишува неделникот „Фокус“.
Инаку името и работата на Еисин е чуено на далеку, има работено кампањи на секаде. Словенија, Австрија, Босна и Херцеговина како и во Романија.
Според медиумите во регионот, тој работел и за израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
Кај нас неговото име се поврзува со сериозните сомнежи за кеш на рака и испумпување државни пари за финансирање на партиската кампања на СДСМ.
Актуелниот претседател Стево Пендаровски призна дека се сретнал со него и дека тој бил консултант ангажиран од страна на СДСМ. Лидерот на партијата, пак, упорно тврди дека немало ништо спорно и дека се ќе се видело во конечните финансиски извештаи по изборите, за по неколку дена конечно да признае дека се сретнале – иако претходно тврдеше дека немало таквo нешто.