Билјана Ивановска : „НИКОЈ НЕ БЕШЕ РАЗРЕШЕН, А ПЕТ ГОДИНИ ЗБОРУВАМЕ ЗА НЕПОТИЗМОТ, предложивме иницијативи за одговорност“

Изјави, Македонија, Политика

„НИКОЈ НЕ  БЕШЕ РАЗРЕШЕН, А ПЕТ ГОДИНИ ЗБОРУВАМЕ ЗА НЕПОТИЗМОТ, предложивме иницијативи за одговорност“

Рангирањето на Фридом хаус не се разликува со состојбите искажани во извештајот на ЕК за напредокот на државата. Тоа се состојби кои со години се повторуваат, но за жал не се преземаат потребни мерки и активности за надминување на истите, вели во разговор за „Локално“, поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата, Билјана Ивановска за извештајот на Фридом Хаус, насловен „Државите во транзиција“ (Nations in Transit).

Според неа, во услови кога имаме високи ризици од корупција, како што е силното политичко влијание, проблеми со (не)владеење на правото односно неказнивноста, недореченостите во правната регулатива кои оставаат простор за злоупотреби и поттикнување на коруптивни однесување, недоволна транспарентност, систем за надзор, контролни механизми во јавниот сектор и како круна на се – проблемите со интегритетот на човечкиот фактор на ниво на општеството, придонесуваат за ваква оценка.

Таа додава дека граѓаните мора да направат притисок, затоа што и анкетите покажуваат дека повеќе ова не го поднесуваат.