Потресна изјава на дедото на малата Данка, се надева дека ќе ја најдат: „Да има дедо кај да запали свеќа“

Балкан

Тешко ни е, денот кога слушнавме дека ги фатиле убијците и дека всушност се работи за убиство, на сите ни се слоши. Сите завршивме на лекар. Не знам како, иако монструмите признаа, живеам во надеж, изјавил дедото на малата Данка за Нова.рс

„Сè додека телото не биде пронајдено, имам некаква трошка надеж, искра, дека таа е жива. Детето не е игла, мора да се најде, дали некој дел од облеката, или нешто друго ако го направиле. Вака, ништо да не можат да најдат, овие монструми да ги носат од едно место на друго… Ужас “– изјавил потресен дедото на Данка.

Тој изјавил дека многу се плаши од тоа што убијците и го направиле на Данка, откако и го одзеле животот кој штотуку започнал.

„Никогаш не би ги обвинил ако ја удриле и веднаш да ја однеле во болница“

– Не ги познавам тие луѓе, никогаш не сум ги видел. Не ми е јасно дали е можно овие нелуѓе да го направиле тоа, па уште и го опишувале тоа. Нема такво нешто на земјата, јас не сум паметен. Барем да ја оставиле кога ја удриле, или што и да е, основно е кога ќе се случи такво нешто, несреќа, да се помогне. Ако не се во можност, повикајте помош, викајте. Никогаш немаше да ги обвинам ако ситуацијата беше таква да ја удрат и итно да ја однесат во болница, но вака… Не му посакувам зло на никого, па ни на нивните семејства, но го има овој одозгора, Господ , тој си ја врши работата како треба. Мислев дека сум најсилниот, дека можам да го носам семејството, но почнав и јас да пукам – изјави Милан Илиќ.

Соговорникот додава дека тие како семејство се надеваат дека ќе го најдат телото на Данка за да можат да ја погребаат.

„Да има дедо каде да и запали свеќа, да знае каде почива“

– Да има дедо каде ќе може да и запали свеќа, да знае каде почива. Денот кога исчезна беше последен пат кога ја видов. Со сопругата отидовме да ги чуваме Данка и нејзиниот брат, додека Ивана отиде во општината да заврши нешто. Инаку, сопругата често ги чуваше и се навикнаа на неа. Порано кога ќе не видат, децата трчаа прво кај баба, но тој ден Данка ми потрча мене во прегратка. Јас всушност и реков на жена ми во тој момент: „Еј, ќе падне снег. Неверојатно ми е“… Си игравме, се шегувавме и кога ќе се сетам на сето тоа, само ми е потешко. Не се чувствувам добро кога ќе ја видам нејзината слика на интернет и на телевизија, солзите сами доаѓаат и само се прашувам дали е можно… – низ солзи изјави соговорникот за Нова.рс.

Милан на крајот истакнува дека е благодарен на сите луѓе, на полицијата и на МВР што постојано прават напори во расветлување на сите околности, но додава и дека и шпекулациите тешко му паѓаат.