СКАНДАЛ: Дали е прекршен Изборниот законик заради членови и блиски роднини на СДС и ДУИ ?!

Македонија, Политика

Кандидатката за претседател на државата, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, го спори тековното полагање на 299 лица за прием на Академијата за судии и јавни обвинители. Смета дека со одлуката на Собранието за распишување на избори од 14 февруари, законските забрани важат за сите државни органи, вклучително и за Академијата

ДКСК е должна во рок од 5 дена по поднесен приговор, на јавна седница, да ги испита наводите и да се произнесе за случајот, откако претходно ќе побара објаснување од Академијата за судии и јавни обвинител.

„Од страна на Академијата за судии и јавни обвинители на 29.3.2024 г. на веб-страницата објавен е распоред за полагање на квалификацискиот тест во периодот од 1 до 4 април, кој тековно го полагаат 299 луѓе, што јасно укажува дека постапката за засновање работен однос е започната и истата не е ставена во мирување, со што Академијата in flagranti ги прекршува член 34 став 1 алинеја 3 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси и членовите 8-а став 1 алинеја 3 и 2 и став 1 точка 29 од Изборниот законик“,

се вели во образложението на приговорот.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ пред неколку дена на прес-конференција прашаа:

„Дали за Академијата за судии е поважен или можеби им е поважен Мики Крстев од СДСМ, заменик-министерот за локална самоуправа да полага испит со малверзации во време на распишани избори?!
Дали за директорката Габер-Дамјановска е поважно владеењето на правото од желбата на внуката на Рамиз Мерко, Ерканда Баута, да стане обвинителка во струка со незаконито полагање на тест во изборен период?!
Дали Александар Глигоров, син на Емил Глигоров, претседател на судот во Струмица од СДСМ, со ваков писмен наместо електронски испит ќе има максимални 100 поени? Дали Дитмире Шеху, член на ДИК од ДУИ, ќе има 100 поени на писмениот тест? Може и Фуркан Фета, асистент на ДУИ во Собранието и близок пријател до раководството, ќе освои 100 поени на ваков тип на полагање. Секако и Дарко Герамитчиоски, советник на СДСМ во Општина Прилеп, веројатно ќе има 100 поени на писмен тест прегледуван од човек, наместо електронски.“