
МИЦКОСКИ СО ПОРАКА ДО МЛАДИТЕ: „Одберете сила која може да го порази и промени системот во распаѓање“
Порака до младите, не се откажувајте од Македонија, сметаме на вас, без вас и без вашата енергија нема промени. Потребни сте за новото време кое доаѓа. Ќе овозможиме заедно да ги остварите вашите соништа, тука да ја градите вашата иднина и среќа. Вклучете се во промните и дајте го вашиот глас.
Одберете сила која може да го порази и промени системот во распаѓање. Верувајте во луѓето кои вистински можат да го подобрат вашиот живот и да донесат повеќе среќа за сите, кажа Христијан Мицкоски во својот говор на вчерашниот митинг во Скопје.