
БОГОЈЕСКИ бара кривичен прогон за Џафери
Во однос на упадот на т.н. технички премиер Талат Џафери во службени простории во МВР – СВР Тетово, со своја реакција се огласи лидерот на Македонски Концепт, Петар Богојески и побара кривична одговорност за Џафери.
– Станува збор за ненајавен и незаконски упад на Талат Џафери во просториите на Отсекот за управни работи Тетово, каде што во моментот овластените службени лица ги извршуваа своите работни задачи, со што излегол надвор од службените овластувања кои се уредени со Закон за Влада и сторил низа кривични дела, за кои мора да одговара. – изјавува Богојески.
– Ги повикувам ОЈО и МВР да преземат итни мерки во рамки на нивните законски овластувања кон т.н. технички премиер Талат Џафери, и да биде процесуирана соодветна кривична пријава против тоа лице.
За понижувањето на сопругата на македонскиот Маџеник на нацијата, бранителот од Диво Насеље, дополнително ќе му испорачаме на Таљо фактура. Следуваат тие денови, изјавува Богојески.
Граѓаните очекуваат реакција на МВР и ОЈО по оваа изјава на Богојески.