СТАВ: Не гласајте за Џафери да биде премиер, преминете во ОПОЗИЦИЈА!

Политика

СДС измеќари го номинирале лицето Талат Џафери за премиер пред претседателот Пендаровски, како небаре тој им е лидер на таа партија. Или можеби им е? – прашува лидерот на Македонски Концепт Петар Богојески.

Не можам да ја разберам леснотијата со која етничките Македонци ги прифаќаат уцените од албанските шовинисти, како Талат Џафери, особено нивна улога да предводат со најважните институции во државава. Уцените ги прифаќаат како нешто нормално и однапред се помируваат со резулатот кој следува, а тоа е ново и ново понижување на македонското достоинство.

Талат Џафери не мора да биде премиер! Кој кажа дека мора? Што ако сдс измеќари манипулираат со номинацијата пред Пендаровски?

Што ќе ви е Џафери за премиер, особено на тие коалиционите партнери на сдс измеќари, кои учествувате во сите злосторства? Еве имате шанса во ова последно злосторство да не учествувате. НСДП, ЛДП, ДОМ зимзелени, НП на Љубчо, Пензионери и други коалициски партнери на сдс измеќари, зошто гласате за избор на Талат? Еве ви шанса, гласајте против и преминете во редовите на опозцијата! Така ќе биде оневозможен последниот пазар на ДУИ и нивните сдс измеќари и ќе спречиме дополнителни понижувања на Македонија. Што чекате?

Лицето Џафери со сомнителен кредибилитет, не треба да биде избран за премиер на Македонија! Сите вие измеќарите, кои се огрешивте со „францускиот предлог“, имате сега шанса да се исперете од гревот кон Татковината. Не гласајте за Таљо да биде премиер! Само толку е потребно, за да го вратите и личното и достоинството на Македонија! А ќе се охрабрите ли? Секако не, вие ако имавте храброст, немаше да бидете измеќари!