
СКАНДАЛ: Кривичен суд испрати ЛАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ до јавноста
Поврзано со незаконската наредба за приведување на лидерот на партијата Македонски Концепт, Петар Богојески од страна на МВР како еклатантен пример за политички прогон, по наводно барање на Кривичен суд, и по реакција на дел од медиумите во врска со истото, се случи дополнителен СКАНДАЛ!
Имено, Кривичниот суд испрати соопштение до јавноста, со кое дирекно лиферуваше лажни вести, во обид да манипулира со јавноста и да ја прикрие вистината.
Така од Кривичен суд дезинформираат дека Богојески наводно бил поканет, во неколку наврати не се јавил на поканите од судот за овој предмет, па судијата испратил наредба за спровод до надлежната полициска станица.
„Во судот лицето пристигнало со својот адвокат, а во судницата побарал изземање на судијата по претходни негови вербални навреди врз судот. И покрај ваквиот однос на обвинетиот, судијата не повикал никаква дополнителан полициска асистенција туку го прекинал судењето до одлучување во однос на изземањето“, соопштија од Основен кривичен суд.
Како што дознаваме, не само што до Богојески немало пристигнато никакви известување или покана од Судот, туку неговиот адвокат пред само еден ден бил во Суд да побара информација за повеќе предмети, меѓу кои и овој предмет, а од службите бил информиран дека сеуште нема назначен нов судија, бидејќи претходниот бил пензиониран, па му било кажано да чекаат на известување после назначување на нив судија.
За скандалот да биде уште поголем, Кривичен Суд додаде дека поради непојавувањето на Богојески во судот, предметот за кој се обвинува тој е пред застарување. Тоа е скандал од невидени размери за еден Суд, доколку веќе истиот може да се смета за таков, бидејќи предметот чекал на назначување на нов судија, поради пензионирање на предходниот, за што го обвинуваат Богојески. Замислете, странката е виновна што криминалните структури во Судот не назначиле нов судија скоро цела година. Дознаваме дека, предходниот судија имал закажано рочишта, на кои Богојески уредно присуствувал со свој адвокат и предметот се одвивал во нормална процедура. Ова значи дека Судот дирекно ЛАЖЕ!
Во ова е дирекно смешан претседателот на Кривичниот Суд Иван Џолев, кој е надлежен да го застапува судот пред јавноста и одговара за вистинитоста на нивните соопштенија. Мотивот е јасен, тој важи за лојален човек на власта и извршител на министерот Спасовски, кој во повеќе наврати ги прекршува законите и спроведува политички прогон против Богојески, злоупотребувајќи ја службената положба и овластување.
Пред објава на оваа вест, МКДенес побара од судот да одговори на следните прашања, а судот спротивно на закон и обврска за транспарентност и одговорност пред јавноста, не дава одговори и молчи бидејќи е фатен во лага.
Ова се прашањата кои јавно ги доставуваме и бараме од судот:
1. Докази за вашето тврдење дека Богојески бил уредно повикуван на суд и дека тој не се појавувал на рочишта;
2. Кои се тие рочишта на кои Богојески не се појавувал и кога се одржале, вклучително и записници од истите;
3. Докази како го обвинувате Богојески дека е виновен за застарување на предметот, дали истиот е виновен што предходниот судија бил пензиониран, а вие не сте определиле нов судија скоро цела година;
4. Што бара на судењето да присуствува политички функционер на ДУИ, потпретседател на младите, лицето Фитим Лога, во кое својство и дали во Кривичен суд имате воведено политички комесари од Мала Речица?
5. Зошто овој скандал е организиран и полицијата е пратена во домот на Богојески на роденден на неговиот син, намерно со оглед дека судот ги имал тие податоци?
Адвокатот на Богојески со повеќе од 30 годишно искуство, се чуди на неодговорноста на судот, и дознаваме дека побарал од судијата да прецизира, каков е форматот на денешниот настан? За што се повикани, на рочиште, на соочување, на главна расправа или на што, со оглед на тоа што е станува збор за строго пропишана кривично правна процедура.
Судивката немала одговор на истото, а се случил скандал да другата страна била бркана низ суд да се врати назад и да се соочувале, без да се изведат докази, што е невидено до сега во Кривичниот Суд. Судивката се обидела да подметне исказ на Богојески во записник, на што било реагирано од негова страна, по што било побарано иземање на судијата за пристрасно и непрофесионално работење, а дополнително одбиле да му биде даден записник за потпис на странката, што е секојдневна и задолжителна процедура во судска постапка.
Политичкиот прогон во земјава продолжува против сите опозиционери кои не размислуваат исто како власта. Богојески најави тужби за судивката и претседателот на судот и иницијатива за разрешување пред Судски Совет.