
АЛБАНСКИОТ ШОВИНИЗАМ анализиран од ИТ на МК
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА, 28 ДЕКЕМВРИ 2023 ГОДИНА
Албанскиот етнички шовинизам добива димнзии на верски радикализам
Во врска последните изјави на македонски политичари од албанската етничка заедница, поткрепени од косовски политичари, а во врска обидот за мешање во внатрешните работи во Македонија и учество на косовски партии на следните парламентарни избори во земјава, особено после најавата за рушење на христијански верски објект, легално поставен на црковен имот, сето тоа мотивирано од исламистички побуди, на своја редовна и заклучна седница на 27.12.2023 година, расправаше Извршниот Тим на политичката партија Македонски Концепт, и ги донесе следните заклучоци:
- Албанскиот етнички шовинизам, покрај јавниот неофашизам, добива димензии на верски радикализам, налик на ИСИС од Блиски Исток, со што дирекно ги дестабилизира НАТО и го отежнува процесот на проширување на ЕУ на Балкан;
- Изјавите за отворено мешање на косовски политичари на политичката сцена во Македонија, се еклатантно мешање во внатрешните работи на земјава, за што бараме Владата веднаш да реагира до косовските институции и меѓународните партнери;
- Донесена е одлука за дипломатска офанзива со цел објаснување на процесите на нашите партнери од НАТО и ЕУ и заштита на нашите заеднички интереси од тие пројави;
- Партијата ќе продолжи со засилено темпо и дополнителен фокус на темата, да се бори против сите видови на етнички шовинизам и верски радикализам, осудувајќи го таквото поведение на сите политички и граѓански активисти и организации;
- Остануваме посветени на активностите за отстранување на сите пречки за полна интеграција на Македонија во ЕУ.
Центар за комуникации и анализа
Македонски Концепт