КОНЕЧНО ПРИЗНА: Бугарија ги асимилира Македонците во АЛБАНИЈА

Балкан, Политика

Македонија побарала поддршка од албанската влада околу запирање на асимилацијата на Македонците во Албанија од страна на Бугарија.

Ова го соопшти македонскиот министер за надворешни работи по средбата со својата колешка од Албанија, Ољта Џачка, информирајќи дека овој проблем се следи на дневна основа од страна на македонското МНР. Кое секако, знаеме дека не е точно и Бујар манипулира.

Албанската министерка пак за обидите на Бугарија да ги асимилира Македонците во Албанија смета дека се спорадични, но додаде дека ги следат. Што секако и на неа не и веруваме и знаеме дека манипулира.

Целта на овие изјави се да се манипулира македонската јавност и лажно да се прикаже грижа на „албанскиот фактор“ за македонското прашање, а да се симне аргументот на асимилацијата врз Македонците во Албанија во поглед на престојната промена на македонски устав.

На вчерашната емисија на ТВ Алфа, Богојески јасно прецизираше дека Бугар јавно признал за таа асимилација и дека истото не чека во Македонија, после внес на бугари во македонски устав.

„Погледнете што се случува во Албанија, од како признаа бугарско малцинство, имаме жестока асимилација врз етничките Македонци. Истото не чека во Македонија откако ќе внесеме бугари во Устав“ – изјави Богојески.

Изјавата на Османи на следен линк: