
МИЦКОСКИ и КОВАЧЕВСКИ рекордери, БОГОЈЕСКИ и АХМЕТИ штедат, АПАСИЕВ сокрива
Кој колку пари потрошил на фејзбук реклами, открива самата компанија Мета, а сите податоци се објавени на отворен линк. Податоците покажуваат дека до сега, македонските политичари на ФБ реклами потрошиле точно 480.078.00 евра.
Апсолутни рекордери во трошење на пари на ФБ се лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски и лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски.
Мицковски потрошил дури 40.634,00 евра, а само за последните три месеци потрошил дури 3.100,00 евра само на лични фб реклами, без партиските на ВМРО ДПМНЕ, кои исто време се мерат во десетици илјади евра.
Веднаш зад него е премиерот Ковачевски, кој потрошил фантастични 26.593,00 евра, без неколку фан страни на СДСМ и без Заев кој дополнил усте со 21.511,00 евра. Ковачевски само во последните три месеци потрошил најмалку 21.600,00 евра.
Интересно е што Ковачевски има повеќе фан страни, па на втората исто така потрошил дополнителни 8.713,00 евра.
Воочлива е споредбата со Петар Богојески, лидер на новата партија Македонски Концепт и лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Двајцата имаат поголема поддршка на ФБ од останатите лидери, но потрошиле најмалку пари, односно штеделе.
Петар Богојески потрошил само 7 евра во последните три месеци, а Ахмети нешто повеќе или вкупно 16 евра. При тоа, партијата Македонски Концепт не потрошила ниту едно евро, за разлика од партијата ДУИ.
Интересно е што Богојески без особени пари достигнал огромна публика од над 45.000 граѓани, а Ахмети секако оправдано поради должината на стажот, го следат нешто помалку од 100.000 граѓани.
За разлика од шефот Ахмети, неговиот потчинет министер и нов лидер на ДУИ за Чаир, Бујар Османи повеќе се опуштил, па за последните три месеци потрошил 1.500,00 евра за фб реклами.
Ако ги анализираме сите функционери на ДУИ, ќе не боли глава, па се откажавме од напред.
Лидерот на Левица, Димитар Апасиев ги сокрива нозете како змија, има забрана кон ФБ да прикажат колку пари троши, но неговата Левица потрошила 12.411,00 евра.
Левица и надвор од кампања, во последните три месеци потрошиле дополнителни 269 евра.
Апасиев сепак има помалку публика од Богојески, и го следат околу 39.000 граѓани.
Интересно е што и премиерот Ковачевски, и покрај потрошените илјадници евра, има помала публика од Богојески и него го следат 41.000 граѓани.
Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски потрошил 8.260,00 евра, а повеќе од него потрошиле од партијата на Љупчо попот Интегра, точно 8.637,00 евра.
Партијата ЛДП своите трошоци ги прикрива преку десетици фан страни на нејзините локални организации, кои трошеле по повеќе стотици евра, а дури и партијата Демократи потрошила 2.964,00 евра.
Доколку ги наведуваме трошоците на градоначалниците и пратеници, на останати функционери од големите партии, ќе треба да објавиме цел том од оваа анализа.
На следен линк можете да ги проверите сите податоци:
https://www.facebook.com/ads/library/report/?source=nav-header