Изгубила работа поради бременост, а сега Просветно Дело со бизарен демант до бремената жена

Македонија

Пред една недела, во јавноста одекна вест дека новинарката Магдалена Стојмановиќ останала без работа откако им соопштила на своите претпоставени во А.Д. Просветно Дело дека е бремена. Иако немало намалување на обемот на работа, ниту претходно предупредување и искажано незадоволство од нејзината работа, договорот не и продолжен. 

Магдалена изнесе основани сомненија во јавноста дека одлуката на менаџерството е донесена само врз база на сознанието дека е бремена што укажува на крајно некоректен и дискриминаторски однос од А.Д. Просветно Дело. Ваквиот случај ја става жената на крстопат да избере помеѓу работата и семејството што никако не смее да биде опција, а работодавачите со ваквиот однос ја потенцираат бременоста како проблем поради што многу жени се обесхрабруваат да си го прошират семејството.

 

Случајот со Магдалена Стојмановиќ не е единствен и јавноста не е доволно запознаена со сите случаи на злоупотреба на Законот за работни односи кој му дозволува на работодавецот да ги држи вработените на договори во времетраење од месец дена, поради што и во вака тешка економска состојба во која се наоѓаат граѓаните, имаат дополнително неизвесна иднина.

За иронијата да биде поголема А.Д. Просветно дело излезе со демант на тврдењата на Магдалена Стојмановиќ. Можеа да се видат бројни коментари на нивната фејсбук објава во насока на критика на демантот како неиздржан и „смешен“, но тие коментари некој дежурен постојано ги брише.

 

Во тек е иниццијативата бојкот на Просветно дело, а голем дел од граѓаните се изјаснија дека поради ваквиот нечовечен однос повеќе нема да влезат во книжарниците на Просветно дело и нема да ја подржуваат нивната работа. Контрадикторно е, како што е вели во еден коментар на социјалните мрежи, да издаваат литература за деца, а од друга страна бремена жена да оставаат без работа. Дали децата со својот пример ќе ги учат дека бремените жени немаат право на пристап до ресурси за да го обезбедат своето бебе? – Стои во коментар на граѓанин во објавата на социјалните мрежи.