БУГАРИЈА НА КОЛЕНА, оригинална објава за МАКЕДОНЦИТЕ и ИЛИНДЕН

ИСТОРИЈА

Бугарија е во очај, откако во јавноста се појави оригинална објава од весникот Автономна Македонија, кој се печател во Софија за потребите на македонската заедница и иселеници.

Станува збор за објава од 16 август 1903 година, каде дописникот од Атина соопштува за голем митинг во Петрас, на кој се протестирало против ѕверствата вршени од Турците врз МАКЕДОНЦИТЕ и се молат силите да се устрои Македонија во Република.

Дописникот известува за настан од 10 август 1903 година, во текот на Илинденското востание, каде никаде не постојат бугари во Македонија или бугарско востание или прерожбенско.

Извештајот на дописникот е напишан и испратен до редакцијата во Софија на 11 август 1903 година, а објавен во првиот нареден број на 16 август 1903 година.

Истото така станува збор за весник „Автономна Македонија“ како цел на Илинденското востание и на Македонската Револуционерна Организација, а не за бугарска или за обединета Бугарија. Тоа е најдобар доказ за степенот на фалсификување на бугарската историја.

Загрижувачки е фактот што премиерот Рали наредил забрана на протестот во име на човековите права, за да не се навредат Турците кои вршеле злосторства низ цела Македонија. На која страна биле тогашните „христијански“ влади на Балканот? Очигледно не на христијанската!

Какви “Бугари” биле овие штом барале сопствена Македонска Република во 1903-та, а не да се припојат кон Бугарија? – прашуваат Македонците од Бугарија, кои сеуште не се избугарени.