
ГРУЈО НЕ СЕ ВРАЌА, Стразбур одби да го помилува
Судот за човекови права во Стразбур ги одби жалбите на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ кои бараа важење на аболицијата на претседателот Ѓорге Иванов. Постапките ќе мора да завршат пред домашните судови.
Судот за човекови права во Стразбур ги одби жалбите на функционерите на ВМРО ДПМНЕ кои бараа да важи аболицијата на претседателот Ѓорге Иванов и им порача „да ги исцрпат сите правни лекови пред домашните судови*. Во одлуката на Стразбур стои:
„Во својата одлука во предметот „Талески и другите против Северна Македонија“, Европскиот суд за човекови права едногласно ја прогласи жалбата за недопуштена“, се вели во пресудата на судот во Стразбур. Одлуката е конечна.
Тужбата на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ, според судот, е преуранета и оттука и недопуштена. Таа сепак им остава простор, по правосилно завршување на постапката и исцрпување на сите домашни правни лекови, во случај постапките да завршат со осуда, тие повторно да се обратат до Судот и да побараат нова постапка во однос на аболицијата на Иванов.
Образложение на судот
Апликацијата до Стразбур беше поднесена од седуммина, од кои најголемиот дел се функционери на ВМРО- ДПМНЕ и тоа Никола Груевски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Тони Јакимовски, Сашо Мијалков, Владимир Талески, Тони Трајковски како и Едмонд Темелко.
Во образложението на одлуката на судот се вели:
„Најголем дел од апликантите биле членови на владејачката партија (ВМРО-ДПМНЕ) во времето на настаните кои се во прашање, и сите тие имаа истакнати јавни позиции, вклучувајќи го и премиерот, владини министри и градоначалници.
Ним им се суди за наводни кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското, широко распространето прислушување. Тие добија претседателски помилувања кои беа подоцна поништени. По поништувањата им се судеше, што е предмет на овој предмет.
Судењата мора да продолжат
Судот одлучи дека апликантите не ги исцрпиле домашните правни лекови. Заклучи дека жалбите според член 6 (право на правично судење) беа предвремени, како што би направиле домашните власти и тие имале можност прво да се осврнат на нив во кривичната постапка што е во тек.
Во врска со член 5 (право на слобода и безбедност), еден од апликантите, Темелко, не ја подигнал својата жалба пред домашните судови, додека правниот лек кој друг апликант –Талески – за кој се тврди дека бил ефективен, беше одбиен како задоцнет пред националниот суд, одлуки кои се чине не биле произволни“, стои во одлуката на Стразбур.
Сите истраги на македонското СЈО
Таргет, Титаник, Тортура, ТНТ, Транспортер, Тврдина, Трезор, Топлик, Тендери, Тарифа и Тенк се 11-те случаи кои досега ги отвори СЈО.
Осомничени или обвинети се многу актуелни и поранешни државни и локални функционери.
Катица Јанева беше избрана за Специјален Јавен обвинител на 15 септември 2015 година од страна на Советот на јавните обвинители, а нејзиниот тим се комплетираше со уште 12 обвинители на 4 ноември лани. Нејзиниот избор беше дел од Договорот од Пржино за што согласност дадоа сите лидери на политички партии и големо мнозинство пратеници во Собранието.
И самата таа заврши како криминалка во обид да се збогати преку играње со криминалците. Правдата е слепа, ама прогледува.
Фунционерите на ВМРО-ДПМНЕ доставија жалба до Стразбур во 2017 година, во која се повикуваат на одлука во Стразбур за сличен случај кога било одлучено дека доделена аболиција не може да биде поништена. Во жалбата беа опфатени предметите за масовното прислушување и уништувањето на опремата „Таргет-тврдина“, за изборни нерегуларности „Титаник“, за злоупотреба при организирање на превоз на ученици во Битола „Транспортер“, како и предметот за уривањето на објектот „Космос“ наречен „ТНТ“.
Државата, како тужена страна, сметаше дека помилувањата на Иванов беа дадениспротивно на домашното право и беа извор на правна несигурност и директен повод за големо незадоволство кај граѓаните. Нивното поништување, пак, беше своевидно повторно воспоставување на нарушената правна рамнотежа.