
ПОЕНТА НА ДЕНОТ со доказ дека е бугарин
ПОЕНТА НА ДЕНОТ
„Доказ дека е бугарин“, најчестата фраза која секој ден преку милион канали од Бугарија се испраќа кон Македонија.
Само избугарените имаат потреба нон стоп да докажуваат дека се Бугари!
А знаете ли зошто? Затоа што не се!
Само луѓе кои не се сигурни во својот идентитет, поточно знаат дека имаат друго потекло, имаат потреба нон стоп да докажуваат што се и зошто се!
Македонците во Бугарија се за жалење.
Од една страна мораат секој ден, постојано и постојано да им докажуваат на бугарите дека се поголеми бугари од хан Аспарух.
Од друга страна мораат на нас Македонците секој ден, постојано и постојано да ни докажуваат дека ние не сме биле Македонци и дека требало да се избугариме како нив.
Веројатно така ќе им биде полесно на душата, која нон стоп е во искушение поради предаството на родот, кој го сториле.
Работата е до таму забегана, што официјалната постапка за да станат бугарски државјани, повторно им бара да покажат „доказ дека се бугари“!
Докажи дека си бугарин!
Навистина жално!
пишува, ПОЕНТИРАЧОТ!