ВОНРЕДНИ ВЕСТИ: Ранобудниот Таче изврши преседан во живот од жал за Благојче

Македонија, Хроника

Македонската јавност остана длабоко вознемирана од шокантната информација кој со нас ја сподели премиерот Димитар Ковачевски – Таче.

Имено, тој информираше дека од преголем стрес за смртта на Благојче, поради недостаток на лекови и непостоење на здравствен систем во земјава, дури станал порано од вообичаеното.

– Јас денеска сум станат веројатно најрано откако сум вработен во изминатите 23 години, зашто што денес за мене е тажен ден, не само за семејството на Благојче туку и за целата земја, изјави премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање зошто државата дозволи Благојче Илиевски да почине од цистична фиброза чекајќи го лекот „трикафта“.

Ковачевски се согласи дека можело да се направи повеќе за да се продолжи животот на Илиевски, но не било направено поради, како што истакна, комплицираната и неверојатна бирократија поради која нашата земја пати 30 години.

Тој посочи дека првите со кои разговарал во најранобудниот ден во неговата професионална кариера биле министерот за здравство Беким Сали, директорот на Фондот за здравствено осигурување Магдалена Филиповска-Грашкоска  и со министерот за финансии Фатмир Бесими.

Значи да се засрамите сите што го разбудивте премиерот толку рано, за толку небитна работа! Ѓубриња едни!