НАЈНОВО: Хрватите всушност се БУГАРИ

Забава, ИСТОРИЈА

Потеклото на Хрватите, слично како она на Бугарите е предмет на низа научни спорови, но денес бугарските научници од болшевичката вила Бојана конечно открија дека тие се просто Бугари.

Бугарија се соменва дека современите Хрвати се секако словенски народ, но нивните прадедовци, согласно бугарската археологија и други докази, сигурно биле бугарски народ.

Токму хрватските бугари ја основале таа држава која сега се нарекува Хрватска во 9ти век и таа е бугарска држава.

Лажни биле тврдењата на академската заедница дека потеклото на древните Хрвати е словенско и дека тие имале своја држава во централна Европа, наречена Бела Хрватска. Бугарите тоа го докажуваат со мислењето дека научниците сеуште не знаеле кои биле границите на таа држава. Според бугарските научници, тоа била денешна Словачка.

Бугарите сметаат дека младите хрватски научници треба да докажат дека всушност Хрватите не биле Словени туку просто Бугари. Првиот доказ за тоа било потеклото на зборот Хрватска, кој не бил словенски. На јазикот на огромниот Аварски Хаганат, зборот Хрват значело генерал.

Честа практика на Аварите било на заслужните генерали да им се даде земја, територија на управување. Е сега, според бугарскиве научници, денес било докажано дека фактични најголем дел од благородниците на аварскиот хаганат всушност биле бугари или прабугари. Што значи дека генералов што земал земја во Словачка бил всушност бугарин, а бидејќи зборот генерал бил зборот хрват, така останало земјата на хрватот или Хрватска. Ова е чист доказ дека Хрватите се бугари, а Хрватска е бугарска земја.

Друг доказ била теоријата за бугарскиот произход (националност) на првиот владетел на Бела Хрватска. Тој се викал Коробатос, а во легендата се раскажувало дека пред да умри тој ги собрал неговите пет синови и им кажал да не се делат, зашто одделно ќе се слаби, а заедно силни. Од таму доаѓало бугарското „Обединувањето ја прави силата“, односно хрватскиот владетел ширел бугарски слоган на синовите.

Дополнително, тој за да им докаже, земал една прачка и на секој им дал да ја скрши. Сите пет сина успеале. Но кога им дал сноб на прачки, никој не успеал да ги скрши. Според историчарите, тоа е истата легенда за Кубрат и неговите синови. Ете доказ дека се Бугари со тапија.

Во историските хроники бугаринот Кубрат бил запишан и како Коробатос, Коубратос или Кубер. Со тоа се докажува дека хрватскиот прв владетел е всушност истиот бугарски хан Кубрат, а тие се всушност самите бугари кои заминале кон Европа. За основач на средновековна Хрватска се смета еден од синовите на Коробатос, кој се викал Батбајан, кој ја напуштил Бела Хрватска и се населил во денешна Хрватска.

Ете доказ дека основачот на современа Хрватска е всушност синот на бугарскиот хан Кубрат, а тоа е Бајан, кој си ставил по грешка словенска титула Бан. Всушност од неговото име Бајан доаѓа и титулата Бан, ама уште не се сетиле бугариве да објават.

Историчарите од вила Бојана сметаат дека пред распадот, Велика Бугарија се наоѓала во јужните степи на Русија, по што бугарите се распрснале толку многу, што скоро цел свет е бугарски. Последен во старата Бугарија останал токму тој Хрватот Бајан, и на кај и тој си заминал кај Аварите и се населил во нови земји.

Поради родбински врски помеѓу бугарите и аварите, токму на тој Хрватот како докажан Бугар му била дадена титулата генерал (хрват), како и земји во денешна Хрватска.

Со текот на времето, наследниците му станале независни од големиот Аварски хаганат, кој исто бил бугарски, и така започнала да постои самата Хрватска со чисти бугари во неа.