
(Видеа) НАЈЛУДА НОЌ имаше Белград, буквално потонаа во САВА
Во Белград ноќеска, во текот на новогодипната прослава, од јака журка и дивеење на гостите, потона познатиот сплав Фристајлер.
Притоа повредена е една довојка, на која помош и е укажана на самото место, додека две екипи на Итната помош веднаш се упатиле на местото на настанот, јавува Нова.рс.
https://www.instagram.com/reel/Cm2m7WfoXOj/?utm_source=ig_web_copy_link
Според српските медиуми, кога сплавот почнал да тоне, гостите во паника трчале надвор.
Кога последните гости бегале од сплавот, водата веќе им била речиси до колена, покажуваат снимките на кои се слушаат и пискотници.
https://www.instagram.com/reel/Cm2m7WfoXOj/?utm_source=ig_web_copy_link
Предниот дел од сплавот останал на површината, додека остатокот потонал под вода.
Сплавот Фристајлер се наоѓа на реката Сава во Белград, на устието на Сава во Дунав од страната на Нов Белград.