ВО БИТОЛА се роди чупе, а во СКОПЈЕ дете од Кочани

Живот, Македонија

Новата 2023 година, Македонија ја започна со првите родени жители во неколку нејзини градови. Во Битола се роди чупе, а во Скопје дете.

Битолското чупе ќе се вика Бојана, а се роди во приватната клиника Плодност.

– Го имаме и првото новороденче во 2023 година, кое на свет дојде во 00.01 часот. Женско, со тежина од 3360 грама и должина 50 сантиметри. Честитки до среќните родители. Вечерва очекуваме уште едно новороденче. СРЕЌНА И БЕРИЌЕТНА НЕКА НИ Е НОВАТА 2023 ГОДИНА, соопштија од Плодност.

Во Скопје, првото бебе во 2023 година се роди на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство во 00.01 часот. Бебето е од машко, тешко е 3720 грама и е долго 51 сантиметар, информираат од Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство Скопје.

Мајка на бебето е 22-годишната Стојанка Панајотова од село Соколарци, Кочани и тоа е нејзино прво дете.

Од ЈЗУ ГАК на новороденчето му посакуваат добро здравје и среќно детство.

Исто така и МКДенес на сите новороденчиња им посакува среќено и безгрижно детство во нашата Татковина.