
МАКЕДОНСКАТА ОФАНЗИВА ќе им помага на Македонците со погрешен „софтвер“
Нашата уникатна политика на македонска офанзива, како најдобар начин на одбрана, ќе им помага на Македонците со погрешен „софтвер“ во главите, истакна лидерот на партијата Македонски Концепт, Петар Богојески.
Целта не е некој да навредиме, туку да им помогнеме, од историски лузери, Македонците да станеме победници. Надалеку познатата македонска суета и инат нема да ни помогнат. МКонцепт со мудроста на Св. Климент и лукавоста на Итар Пејо, ќе ги спаси Македонците од самите себе, од нагонот за самоуништување.
Тој погрешен софтвер, инсталиран од Милошевиќ и Путин, прави збунети македонски процесори, кои се осудени на пропаст и исчезнување како нација и како единки.
Еве една илустрација до каде ги доведе соседните Срби, истиот тој софтвер. Прво викаа „недамо Косово“, потоа викаа „недамо српске општине“, за денес да викаат „недамо Србију“… веројатно ќе има и „недамо Прешево и Бујановац“… а на крај се ќе дадат! Тоа е тој лузерски софтвер! Тоа е таа пограшна и слепа политика.
Македонците со ист софтвер во главите викаа „Тетово е македонски град“, за денес да викаат „Скопје е македонски град“… веројатно ќе завршат со „Делчево е македонски град“! Кое лузерство, кој очај! Кои неспособни генерации!
Нашиот МКонцепт ќе инсталира поинаков, победнички софтвер во македонските глави! Кој само и само ќе победува, нема да дава, туку ќе освојува! Тоа е нашата политика, која со еден термин ја опишавме како „македонска офанзива“!
Тоа е таа прогресивна, европска политика. Тоа е тој прогресивен патриотизам, да отвори перспективи, а не да се затвори до самоуништување.
Работата е земи или изгуби! Па сега вие Македонци одлучете, ќе ја прифатите нашата нова и уникатна политика и ќе започнете да победувате или ќе си продолжите да губите?
На вас останува одлуката! – истакнува Богојески.