
МЕГА СКАНДАЛ: ВЛАДАТА стои зад БУГАРСКОТО ЗДРУЖЕНИЕ што прогонува Македонци
После потписот на министерот за надворешни работи Бујар Османов на Протоколот бр.2 со Бугарија, во Македонија се појави феномен на прогон на илјадници Македонци кои не мислат како Бугарија, преку Комисијата за заштита и спречување од дискриминација.
Сите претставки и целокупниот прогон кон македонски новинари, политичари, интелектуалци, писатели и т.н. се спроведува по иницијатива на извесно бугарско Здружение на граѓани ДЕЛО Скопје, формирано на 28.02.2021 година, за кое во јавноста нема точни информации.
По спроведеното истражување на МКДенес, констатиран е СКАНДАЛ!
Бугарското здружение е основано од вработени во Владата на Република Македонија, и тоа во Второстепена Комисија на Влада за постапување по жалби, каде треба да се жалат онеправданите Македонци. Таа Комисија е дирекно владино тело и функционира под контрола на премиерот Димитар Ковачевски – Таче.
Работава е кадија те тужи, кадија те суди.
Зад бугарското здружение ДЕЛО Скопје стојат високи државни службеници од Владата, извесни Стево Насковски и Јован Николов, кои се блиски до власта и една од партиите во истата.
Тие ангажирале адвокат, близок на кругови од ДУИ и министерот Бугар Османов, преку кој ги доставуваат предметните претставки за прогон врз слободата на мислата и говорот во Македонија, со што направиле злосторничко здружување за прогон на Македонците во Македонија.
Дали дирекно премиерот Ковачевски стои зад бугарското здружение ДЕЛО од Скопје, регистрирано на име на високи владини службеници?
Дали премиерот Ковачевски спроведува прогон против Македонците кои не мислат како Бугарите?
Дали владините службеници, кои се основачи на бугарското здружение, се на платен список на бугарската тајна служба ДАНС и нејзиниот огранок наречен Македонски научен институт, задолежн за непријателска пропаганда и бугаризација на Македонците?
Ако се знае дека овие бугарски инсталации работат под контрола на највисоки офицери на КГБ, како Коста Филипов и Красимир Каракачанов, дали високите македонски владини службеници дирекно работат под руска контрола?
Дали Владата ја работат руските служби како швајцарско сирење? Дали истите се дел од структурата која дава позитивни мислења за македонски државјанства на олигарсите на Путин, како Олександар Онишченко?
Дали овие владини службеници, дирекно под премиерот, се дел од мрежата за продажба на бугарски пасоши во Македонија и дирекно вмешани во останатите бугарски клубови во Битола и Охрид?
Дали Владата на СДСМ стои зад и е основач на овие бугарски клубови, кои спроведуваат непријателска пропаганда и непријателство помеѓу Македонија и Бугарија по руски налог?
Што се крие зад овој огромен скандал за владин бугарски клуб, кој спороведува антимакедонски дејствија во Македонија и чии основачи земаат плата од македонските граѓани?
Дали ќе одговори Таче на овие факти?