
БУГАРИЈА НА АПАРАТИ, нивни генерал ја кажал вистината уште во 1902 година
„ЈАС НЕ СУМ бугарин, ТУКУ МАКЕДОНЕЦ!“ – изјава на генерал во бугарската армија, Анастас Јанков во 1902, во очи на подготовката на Илинденското востание.
Анастас Јанков бил бугарски полковник и генерал од македонско етничко потекло, деец на Врховниот македонски комитет (ВМК). Тој е еден од оние контроверзни македонски револуционери за кого историјата покажа дека оставил силен белег на македонското национално дело, ама неговиот придонес кон револуционерната и политичката борба е многу повеќе штетен отколку полезен, сметаат дел од македонските историчари.
Но, во декември 1902 г., веднаш по спорното Горноџумајско востание, а неколку месеци пред македонското национално Илинденско востание, пред точно 120 години за весникот „Штампа”, полковникот Јанков истакнал:
– „Јас не сум Бугарин, туку Македонец и на Македонија ѝ посакувам слобода и самоуправа. Тоа е целта на сите вистински Македонци. Ние Македонците сме кадарни да кренеме востание во Македонија за да ги увериме Големите сили што го потпишаа Берлинскиот договор дека тие треба да го исполнат она што им го ветија на христијаните во европска Турција, но не сме кадарни сами да го направиме тоа…
Особено мораме да побрзаме да го направиме тоа пред Србија и Бугарија да се спогодат за Македонија. Таа спогодба, според мене, би била кобна за Македонците, бидејќи Бугарија и Србија, откако ќе се спогодат за нашата татковина, ќе ја поделат Македонија и тие делови ќе си ги присоединат кон своите држави.”
На крајот од разговот, прашан дали напролет повторно ќе упадне со чети во Македонија, Јанков вели:
– „Сè зависи од приликите, но јас се надевам.“
ИЗВОР: „Штампа, демократски лист за политику, новости, привреду, војску и књижевност”, бр. 84, Беoград, 1 децембар 1902, стр. 1.
Политичката пропаганда на Јанков и врховистите за што побрзо кревање востание во источна и јужна Македонија во 1902 г., коешто очекувано се покажа како прерано, придонела само до непотребни жртви, како и до разногласија меѓу македонското население и уште поголем раскол меѓу ВМРО и ВМК. Тоа водело и до делумна компромитација на револуционерите пред отоманските власти.
Проценките и настојувањето на Јанков дека бугарија или Русија се подготвени да ѝ помогнат на Македонија, биле едноставно погрешни. Без оглед дали се работи за намера, некаква превласт и нечиј престиж, за Јанковата тврдоглавост и суета, или просто – за неговата наивност како орудие на бугарските кртови во ВМК, Јанков нанел штета во револуционерната борба.
Сепак, треба да се истакне и неговиот значаен придонес кон афирмирањето на македонското национално дело. Поради неговата агитација дека Македонците се посебна нација, или можат да утврдат таква, врз основа на историските собитија, балканската јавност станувала сè посвесна за националната посебност на Македонците. Јанков, покpaj тoa, во повеќе прилики ја истакнува македонската етничка припадност и македонското потекло на Македонците.
Повиците и прогласите до Македонците, пак, каде што тој вели дека треба, пред сè, самите да се избориме за својата слобода и национална независност – несомнено го докажуваат македонското национално чувство и расположението кај Македонецот.
Јанков знаел дека се обраќа кон национално свесен Македонец. Тоа секако придонесло и за зацврстување на македонската национална свест кај македонскиот народ.
Бугарија на апарати, нејзин познат генерал, не бил „територијален“ Македонец, а етнички бугарин, туку бил етнички Македонец, а дел од бугарската армија и држава.