
МЕГА СКАНДАЛ: бугарите го именува Стефан како северномакедонски архиепископ
Ловчанската епархија на хуно бугарската болшевичка црква, ја објави Резолуцијата со која лажниот синод составен од руски измеќари наводно ја признава автокефалноста на Македонската Православна Црква, без да спомнат Охридска Архиепископија.
Во нивната објава се вели:
„На состанокот на лажниот синод на бпц на 13.12.2022 година, беше прочитано писмото бр. 569/29.09.2022 на српскиот патријарх Порфириј, со известување дека при извршувањето на едногласната одлука на Св. Архиерејското собрание на Српската Православна Црква за време на Св. Архиерејска литургија на 5ти јуни оваа година, врачен е Патријархалиски и Соборен Томос, кој дава автокефалност на Православната Црква во Северна Македонија, со препорака прашањето за официјалното име да се реши во братски дијалог со грчко-јазичните и другите локални православни Цркви.
По гласањето бугарскиот лажен синод едногласно одлучил:
Со духовна радост ги прифаќа подароците кои Српската патријаршија, Томос, ги дава на Црквата во Република Северна Македонија. До донесување на Сеправославна одлука за името на Православната Црква во Република Северна Македонија: (бугарите бараат посебна одлука со која ќе се забрани името македонска и името Охридска Архиепископија)
Лажниот синодот го додава во диптихот на бпц за споменувањето на поглаварите на месните православни цркви, споменувањето на поглаварот на Црквата во Република Северна Македонија следнава формулација:
„Благословена Стефана – Архиепископ Северномакедонскаго“. (Архиепископ северномакедонски)
Поголемо понижување од ова не направила ниту една црква кон нас, ниту Грците, ова е целосно спротивно на одредбите од Преспанскиот договор.