
ОТКРИЕН ПРЕСТОЛОТ од бабата, на кој растел АЛЕКСАНДАР Македонски
Археолозите го открија престолниот стол на неговите баба и дедо, со кои растел големиот Александар Трети Македонски.
Ова е уникатниот мермерен престол на Еуридика, баба по татко на Александар, пронајден во двојно коморниот македонски гроб на Ајга (Вергина) во Македонија, 340 година пред н.е. Денес во рамките на современа Грција.
Изработен е од позлатен и обоен мермер, неговиот грб ги прикажува Плутон и Персефона, додека голем број на релемени и позлатени цвеќиња и животни, како и статуети на „кораи“ ги красат речиси сите негови видливи површини.
Еуридика била античка македонска кралица и сопруга на кралот Аминта III Македонски (337-317 п.н.е.), татко на Филип Втори и дедо на Александар Трети Македонски.