ТРАУМИ ОД ДЕТСТВО од Југославија, истакна Врабевски

Балкан, Македонија

Финансиерот на бугарските клубови во Битола и Охрид, бугарскиот бизнисмен Милен Врабевски, во гостување на Бугарската национална телевизија (БНТ), најави дека ќе се отворат 20 бугарски клубови во земјава.

Тој имаше настап во присуство на претседателот на Македонскиот научен институт под ВМРО БНД на Каракачанов, долгогодишен висок оперативец на руското КГБ и дописник од Македонија, Коста Филипов, кој е родум од Македонија, а по род избугарен Македонец.

„За бугарските клубови во Северна Македонија, ме прашувате која е опцијата за решавање на проблемот со насилството. Многу е едноставно, уште 20 клуба и постепено вистината ќе се разбере, а евроинтеграциите значат пред се вистина. Таа ќе ве ослободи“, изјави тој.

Врабевски зборуваше и за „југословенски модел”, кој го посочи како „најлошиот модел на светот“. Според него, на луѓето во Македонија „им се испрани мозоците“, а територијата е „украдена од Бугарија“.

„Една територија украдена со многу крв и престапи, отцепена од Бугарија и асимилирана на еден многу грозен начин, Југословенскиот модел, нема погаден модел на светот. Практично, тој модел се уште е на власт и им ги пере мозоците на луѓето“, рече Врабевски.