РУСИЈА ПРАВИ мајтап со Бугарија, Охридска Архиепископија не била бугарска

ИСТОРИЈА, РЕЛИГИЈА

БУГАРИЈА ВО ПАНИКА, откако се избрукаа со МПЦ – ОА под притисок на Русија и нивната болшевичка црква и одбија да бидат црква мајка, а дополнително вчера се добрукаа со непризнавање на името на нашата МПЦ – ОХРИДСКАТА АРХИЕПИСКОПИЈА, сега добија шамар од Москва.

Русија промовираше руски документарец во кој се докажува дека Охридската Архиепископија НИКОГАШ НЕ БИЛА БУГАРСКА ЦРКВА, а дека МАКЕДОНИЈА Е РОДИНАТА НА СЛОВЕНСКАТА ПИСМЕНОСТ!

Со ова бугарија е целосно понижена, од една страна поради Русија се закрви со Македонија и Македонците, а сега бугарите ги чека нов ќотек од Москва.

Русија јавно ни заби нож во грб со документарниот филм “Една вера, еден јазик“. Тврди дека Македонија е родното место на словенската азбука! Премиерата е во Скопје, во организација на Руската амбасада во Македонија. Браќата Кирил и Методиј немаат ништо заедничко со Бугарија, која во тоа време не се јавувала како литературен и православен центар на Балканот.

Ова го објавуваат дел од бугарските медиуми, револтирани од тоа што, во филмот, Бугарија е целосно исклучена од научните словенски лингвистички процеси поврзани со големите Кирил и Методиј!

“Со големорускиот шовинизам во филмот се наведува дека најважниот дел од мисијата на Кирил и Методиј е нивната посета на Херсон, Крим. Таму браќата стапнаа на земјата на идната Русија, а најважна за светот е христијанизацијата што ја изврши рускиот кнез Владимир. Таму ја создале азбуката, користејќи некој древен руски јазик… Светите браќа, според неверојатни шпекулации, ги поставиле темелите на Третиот Рим – Москва!”, пишуваат револтираните бугарски новинари од рускиот филм.

Според филмот, кој ја искажува официјалната руска научна мисла, Черноризец Храбар е словенски просветител кој нема никаква врска со Бугарија! Словенското писмо почнува од Охрид!

“Сајтот ‘Плоштад Славејков’ пишува за огромната измама со бугарската историја и воопшто историјата. Ниту МНР, ниту Министерството за култура, ниту која било друга бугарска институција не реагираше на ужасната руска провокација и обидот на Москва да ја преработи историјата по сопствена проценка, претставувајќи се како модерна Византиска империја која ќе го стави словенизмот под своја закрила.

Ова самите бугарски новинари признаваат дека нивната бугарија е руска измеќарка и додека се сили врз Македонија, не смее да им писне на Русија.

Дури и советското раководство под Сталин не си дозволи таква дрскост… И ако обидот за искривување на фактите и научните докази е нешто што пропагандата на Путин се обидува долго време, молкот во Софија е неразбирлив и болен. Премиерата на филмот ќе биде во Скопје на Бадник.

Пораките од Москва и Скопје се јасни и брутални. Во Бугарија медиумите и институциите молчат. Дали се занемени, депресивни или не е важно што Русија ни заби нож во грб? На крајот да споменеме дека на картата на која е обележан патот на светите браќа Кирил и Методиј, Бугарија воопшто не фигурира. Ја нема. Не постои.

И во создавањето на кирилицата не постои. Пуф заминавме. Пријателот Путин ни прати предбожиќна честитка”, – пишуваат бугарските медиуми.

Вистината е дека станува збор за две лажни пропаганди, и руската и бугарската. Мисијата на Светите Браќа во Херсон е Хазарската мисија кај Хазарите, а не кај Русите. Тоа е оној народ кој ја уништува голема Бугарија и се најголеми душмани на бугарите.

Браќата одат во мисија да ги покрстат Хазарите и да договорат воена акција против паганско хунска Бугарија. Во исто време договараат и соработка со киевскиот кнез Владимир исто за напад врз Бугарија. После мисијата во Велика Моравија (Чешка и Словачка), со која исто договараат напад врз Бугарија, тоа и се реализира.

Бугарија под уцена и закана, мораше на сила да прифати хрисијанство, да се откаже од својата религија, да си го смени името нивниот хан Борис во Кнез Михаил, а да прифатат македонски јазик поради мнозинското македонско население кое живеело низ таа држава, од солунското говорно подрачје, покасно наречен славјански или старо словенски јазик.

И покрај тоа, сите три страни ја нападнаа вулгарната бугарија и засекогаш беше уништена таа средновековна држава. Покасно Самоуловото Царство, кое е македонско и т.н. второ бугарско царство на Асеновци кое е влашко, немаат никава врска со стара бугарија.

Ниту пак има било каква врска денешната вештачка руска творба бугарија и измислениот политички народ бугари или пак нивните украдени симболи имаат било каква врска со симболите на стара бугарија.