СРЕДБА Пендаровски – Богојески, на маса предлозите на МКонцепт

Македонија, Политика

Кабинетот на Претседателот Стево Пендаровски соопшти дека денеска го прими Петар Богојески претседателот на „Македонски Концепт“, како и претставници на партијата.

На средбата, тие го информираа Претседателот за нивните активности и планови за дејствување, како новоформирана партија на политичката сцена.

Богојески информираше дека „денес делегација на нашата партија Македонски Концепт / Koncepti Maqedonas / Macedonian Concept оствари работна средба со Стево Пендаровски – Претседател на Северна Македонија.

Тема на разговор беше инклузивниот карактер на преговорите на МК со ЕУ, граѓански Устав и измена на изборниот законик.

Делегацијата која на предводев, беше во состав д-р. Оливера Клинчарова, тим лидер на Женски Концепт и еколошка програма, инж. Перо Трпковски, тим лидер за организација на партијата, др. Елена Зафировиќ, специјален советник на ИТ за здравство и инж. Драган Богдановски од тим за развој, сектор храна.

МКонцепт како поинаква партија на народот, започнува да практикува нов тип на политичка култура во земјава, преку институционален дијалог да ги наметне решенијата кои ги нуди за проблемите на граѓаните, и од опозициски статус! – извести Богојески на социјалните мрежи.