СОС: БУГАР НА АПАРАТИ од како дозна дека е шеф на новиот АМЕР ТИМ

Забава

Албанскиот портал Ина-онлајн денеска објави фотографија од кабинетот на министерот за надворешни работи Бугар Османов, а на која се гледа како шефот на подкосовската дипломатија има состанок со луѓе, но додека се одвива состанокот тој практично прима инфузија.

Пластично шише полно со течност од непроверено потекло е закачено на закачалката за капути, а цревото за инфузија е доволно долго за да стигне до фотелјата на којашто седи министерот Османов.

Ваквата фотографија предизвика лавина коментари на социјалните мрежи:

„Бугар на апарати од како дозна дека е шеф на новиот амерички тим за корупција!“

„Му се слоши на министерот од ДУИ од како дозна дека ветингот ќе започне од него!“

„Сето тоа што му тече во инфузија може да го земе како таблети и да пие повеќе течности. Нема повреда на устата. Театар само пред луѓето“.

„Леле, театар Лево ќоше“. – се дел од коментарите на граѓаните.