
ВОНРЕДНИ ВЕСТИ: Ранет ПРИПАДНИК на УЧК, ги нападнаа Србите во Косовска Митровица
Портпаролот на Владата на Косово, Перпарим Крејзиу, вечерва за Радио Слободна Европа изјави дека на северот на Косово била испратена „само полиција“, демантирајќи ги медиумските извештаи во Србија дека специјалните единици биле испратени на северот на Косово.
Т.н. „косовска полиција“ создадена од борци на УЧК најави дека во наредните денови ќе го зголеми присуството на север поради зголемените инциденти во тој регион каде живее мнозинската српска заедница. „Се работи само за полицијата, не за која било друга единица“, изјави тој за РСЕ.
Министерот за внатрешни работи на Косово Џељаљ Свечља на Фејсбук напиша дека полицијата има задача да обезбеди безбедност, да го гарантира редот и владеењето на правото.
„Последниве денови, по последователните вооружени напади врз полицајци и граѓани на северот на земјата, неопходно е да се зголеми присуството на полицијата за да се обезбедат сите граѓани“, посочи Свечља.
Бараме од сите граѓани да останат смирени и да соработуваат со косовската полиција (УЧК), која се залага за ред и безбедност“, рече министерот.
Тој беше демантиран од порталот Косово онлајн, кој информира дека повеќе од 200 тешко вооружени специјалци на УЧК, придружувани од оклопни возила, вчера влегле во северниот дел на Митровица, каде живее само српско население.
Како што се наведува, тие го блокирале северниот дел на Митровица, а биле фрлени и две шок бомби, наводно, за да се обезбеди безбедност, јави репортерот на тој портал.
На тоа во самоодбрана возвратиле српските цивили, при што еден припадник на косовската УЧК е ранет во синоќешниот вооружен напад врз полициска патрола во селото Србовац, во општина Звечане, во северно Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.
Според соопштението на косовското УЧК, нивната патрола била нападната од лица вооружени со долги пушки од возило „ауди” со регистерски таблички КМ – Косовска Митровица, со какви што се опремуваат од Србија возилата на косовските Срби во областите во северно Косово населени со мнозинско српско население.
Претходните денови имаше неколку инциденти, во кои беа употребени рачни гранати и шок-бомби, во општините во северно Косово, населени со мнозинско српско население.
Цел на нападите беа општинските изборни комисии, кои ги започнаа подготовките за вонредните избори во тој регион, откако пред еден месец тамошните Срби ги напуштија локалните и државните институции поради намерата на Приштина да ги казнува оние кои не ги замениле нелегалните српски со косовски регистрерски таблички.
Косовскиот премиер, Албин Курти по завчерашните напади најави зголемено присуство на полицијата во северно Косово и го обвини претседателот на Србија, Александар Вучиќ дека ги диригира криминалните групи во таа област со цел да ја дестабилизира ситуацијата во Косово.