КОЈ Е РОКО, српскиот мафијаш го пријави, МВР никако да го најде

Хроника

Кој е македонскиот државјанин со прекар РОКО кој според изјави дадени во Специјалниот суд во Белград наплаќал по 30.000 евра за пасош од Македонија?

Ова може да биде клучен наод во идната истрага која ќе се води за организаторите на аферата Двојник во која МВР на Оливер Спасовски издала над 215 пасоши на светски и регионални криминалци.

Српскиот мафијаш Срѓан Лалиќ во судскиот процес против Веља Невоља и кавачкиот клан кажа кој е Роко, Македонецот кој во име на МВР на Спасовски продава или посредува за добивање македонска патна исправа за која наплаќал огромна сума пари.

Сите знаат кој е Роко, плаќаат по 30.000 евра за македонски пасош, само македонското МВР на Оливер Спасовски никако да го дознае кој е ликот вработен во самото министерство.

Роко е еден од заштитените во МВР на Спасовски, со огромни овластувања и можност да манипулира со системот за издавање на лични документи во земјава. Како тоа Спасовски сеуште не го знае и не е притворен?

Дали Роко е токму еден од тимот на Спасовски и многу добро познат за овој министер?

Дали врвот на МВР е вмешан во овој меѓународен скандал со продавање на пасоши за светски бандити, вклучително и на олигарси на Путин од црната листа на САД?