
ЏАНГО пуца први: Судството било распаднато, ајде добро утро!
Адвокатот и претседател на Адвокатска комора Љубомир Михајловски Џанго во емисијата 24 анализа рече дека од осамостојувањето на државата досега живееме во некакви реформи и ги спроведуваме во фази со различни учесници.
– „Во правосудството има повеќе чинители. За да направите реформи, пари ќе се најдат. Основно за да изградите се кадри и мора државата да изгради кадар на лидер којшто ќе ги осмисли и поведе тие реформи.
Треба да имате кадри кои ќе бидат вториот ешалон кој ќе ги спроведува реформите, кадри што се на трето ниво што ќе бидат директни учесници во постапките. И ви треба кадри кои ќе обучуваат нови кадри“. – гласи дел од филозофиите на комуната, каде припаѓа Џанго и кои ги слушаме веќе 30 години.
Многу пари се дадени, милиони евра и долари посебно од Американците за обука на различни профили и од тие ние не успеавме да ги изградиме сите овие кадри за да имаме квалитет. Системот е урнат, систем на избор, на едукација, работење, за да го кренеме ни треба човечки ресурси. – вели Михајловски.
Сакако тука најдобар за кадри е Заев. Откако регрутираше пилоти од Арачиново, сега на ред се судии и обвинители од Зајас! Џанго да не се секира, тука е другарот Заев.