ОЛИВЕР се пофали, цела година со 20.000 полицајци запленил дури 1.5 кг дрога

Хроника

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот фејсбук профил се пафали со неверојатни резултати во борбата против нелегалната трговија со дрога.

Според Спасовски, попусти сите му забележуваат на напливот и поплавата со друга на Скопје, бидејќи замислете СВР Скопје минатата цела година може да се пофали со заплена на дури 1,5 килограм кокаин.

На кој не му е смешно, може да се исклучи од нет, рано наутро.

– Државата ја позициониравме како кредибилен фактор во борбата против недозволената трговија со наркотици. Како МВР продолжуваме бескомпромисно да работиме кон искоренување на оваа појава.

Зголемување за 6,52 проценти бележи и процентот на расчистени разбојништва и разбојнички кражби на подрачјето на СВР Скопје за периодот јануари-октомври 2022, напиша Спасовски.

Министерот Спасовски порача дека продолжуваат со несмален интензитет во подобрување на безбедносната состојба, како на подрачјето на СВР Скопје, така и на територијата на целата држава.