НАЈЧЕСКА со поддршка за ГРАЃАНСКИ УСТАВ, му даде воспитна на Адеми

Политика

По повикот на пратеникот Арбер Адеми од ДУИ, Бугарите да влезат во Уставот што побрзо, професорката Мирјана Најчевска даде контрапредлог:

„Според пратеникот Арбер Адеми:

„Република Северна Македонија нема да има никаква штета ако го исполниме овој услов и ако во Уставот на земјата ги внесеме и другите етнички заедници, вклучувајќи ја и бугарска заедница. Ова треба да го направиме што е можно побрзо, ако навистина сакаме да го следиме европскиот пат“.

Може ова да го поставиме и поинаку.

Нема да има никаква штета ако од Уставот на земјата ги извадиме сите етнички заедници и направиме граѓански Устав.

Ете како бугарскиот на пример. Или албанскиот.“, предлага Најчевска.

https://www.facebook.com/sharer/sharer.php?u=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2FMNajcevska%2Fposts%2F10224952774341435&display=popup&ref=plugin&src=post