
НОВ БУГАРСКИ КЛУБ во Кавадарци, основаат продавачите на пасоши
Добре Митрев, претседател на граѓанското здружение „Македонско – бугарско пријателство“ ќе биде организатор на отварање на уште еден бугарски клуб во Македонија, по примерот на тие во Битола и Охрид.
Отварањето ќе се случи на 11 декември во Кавадарци, форма на приватен бугарски клуб под името „Балкански коридор“, а членови ќе бидат неколку продавачи на бугарски пасоши од тој град.
Како што дознаваме, на отворањето, покрај амбасарот на Република Бугарија во Македонија Ангел Ангелов, најавено е дека ќе присуствува и министерот за надворешни работи на Бугарија Николај Миликов.
Ова ќе биде трето отворање на бугарски клуб во Македонија, по клубовите „Иван Михајлов“ во Битола и „Цар Борис Трети“ во Охрид.