
СРПСКИ КРИМИНАЛЕЦ кажа за колку пари добивале македонски пасош
Пред судот, на судење за тешки форми на криминал во Србија, српски криминалец сведочел дека за македонски пасош се плаќало по 30.000 евра.
Роко се викал македонскиот државјанин кој, според изјави дадени во Специјалниот суд во Белград, наплаќал по 30.000 евра за македонски пасош, јавуваат денеска српските медиуми. Ова го кажал сведокот Срѓан Лалиќ во судскиот процес против Веља Невоља и кавачкиот клан.
„Во една куќа во Земун однесов пари за превоз во Турција, еднаш му однесов 30.000 евра за пасош за Марко Божиќ. Лицето кое било контакт за пасоши за Македонија е лице со прекар Роко. Напоменав дека групата се занимавала со дистрибуција на дрога, обезбедување”, изјавил Лалиќ пред Специјалниот суд во Белград.
Аферата „Двојник“ во Македонија беше токму на издавањето на 215 македонски пасоши на познати бандити, наркобосови, криминалци од странство. Пресуди има за неколку службеници во МВР.
Доколку за српски бандити се земале по 30.000 евра од пасош, може само да замислите колку криминалците од власта им наплатиле на олигарсите на Путин како тој Олександар Онишченко, на тие од Грузија и Казакстан или на арапските и турските милијардери? Половина од нив се на црна листа на САД.
Онишченко тврдеше дека нема ништо спорно и дека сите документи кои ги приложил се легални. Дали тоа значи дека Македонија не смее на ниту еден од тие белосветски бандити да им одземе државјанство, согласно Устав?