БУГАРИЈА во шок, ЦЕПЕНКОВ бил „антически’ Македонец

ИСТОРИЈА

ЦЕПЕНКОВ СЕ ПОИСТОВЕТУВАЛ СО МАКЕДОНЦИТЕ НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ

Марко Цепенков е еден од плејадата преродбеници, кој, во етничка смисла, се сметал за потомок на Древните Македонци на Александар Македонски. Прикажуваме негова авторска поема од 1899 година.

Во поемава, тој се обраќа кон Македонците, кон својот народ, на македонски јазик. Меѓу другото, Цепенков вели: „Чеда жални, вие Македонци… Македонци, моите мили чеда… Помислете, вие мили чеда, за велики цар Александра, што се слави до ден – денеска…“ На крај и се потпишува како Македонец.

Како и стотици други македонски преродбеници, просветители и револуционери, и Цепенков ја изразува својата македонска етничка припадност преку врската со Древните Македонци на Александар Македонски.

Извор: В. „Автономия”, 12 февруари 1899 г., София, бр. 28, стр. 3.

Но, како во други свои творби, Цепенков и тука говори за „бугари“. И во расказот „Силјан штркот“, инаку издаден и во независна Македонија, тој се сместува во „Бугарите“. Покрај тоа, претходно наназад во оваа папка, ја поместивме и неговата „Автобиографија“, каде што се зборува за „народ бугарски“.

Сѐ ова говори дека Цепенков, под влијание на рускиот „бугаризам“ од 19. век, веројатно сметал дека македонскиот етнос треба да стане составен дел од новозамислената бугарска држава и политичка нација. Тој се идентификува со политичките имиња „бугари“ и „Бугарија“, но никаде не говори за „етнички“ Бугари.

Така, ова е уште еден показател за верско-политичките определби според милет-системот во Отоманскиот Султанат – Цепенков говори за бугарин против турци. Милет-системот, имено, не признава етнички малцинства, туку верски заедници.

Турците-Отоманци никогаш не признале македонски милет. Иако неколку векови до 1767 г. постоела македонска црква (Охридската архиепископија), како и српска црква (Пеќската патријаршија), сите нивни верници биле официјално под Цариградската патријаршија, т.е. под Рум-милетот, додека муслиманите биле Турк-милетот.

Поради Грците во Цариград, и двете словенски цркви се укинати. Следствено, Македонците и потоа морале да се изјаснуваат како „ромеи / грци“, а подоцна – и „срби“ и „бугари“, кога Отоманците ја признале Бугарската егзархија, т.е. Бугар-милетот.

Оттука, Цепенков се изјаснува за „бугарин“, поточно – поданик на бугарската црква, т.е. на турското вазално Бугарско Кнежество. Иако, да повториме – Цепенков никаде не говори за „етнички“ Бугари.

Во оваа смисла, името „бугари“ во оваа поема е на исто рамниште со – „Југословен“, „Британец“, „Американец“, „Совет“ или „Ромеј“ – политички, државни или државно-национални, но не етнички називи.

Цепенков, всушност, никаде не се поистоветува со турко-татарските прави Бугари на хановите Аспарух, Омуртаг, Кубрат, Телец, Тервел, Токту, Кардам, Борил, итн.

Од друга страна пак, Цепенков, говорејќи за корените, за себе и за Македонците нагласува дека водат потекло од народот на Александар Македонски. Тоа недвосмислено ќе рече – Македонци е етничкото име.

Сѐ ова ја потврдува безвременската порака на Крсте Мисирков, напишана токму во тие години, но за жал актуелна и денес – „кај Македонците името Бугарин е фалшива монета со која тие им плаќаат на Бугарија и нејзиниот кнез“.