
Експерти за вртоглавата инфлација во ЕУ: „Не е прашање кога ќе дојде до рецесија, туку колку длабока ќе биде таа“
Многу експерти за економија и финансии од земјите од ЕУ, сметаат дека ЕУ следната година ќе оди во рецесија.
„Генерално, сликата останува мрачна. Повторното отворање на економиите ги зајакна услугите, но тој ефект сега се губи. Со зголемувањето на каматните стапки и неизвесните економски изгледи, слабеат и очекувањата за инвестиции. Затоа, сè уште очекуваме контракција на економијата во наредните квартали“, ова се зборовите на Берт Колин, виш економист во Инг.
Други експерти пак тврдат дека не е прашање кога ќе дојде до рецесија, туку колку длабока ќе биде таа.
Инаку, моментно инфлацијата во ЕУ е зголемена за речиси 1% во споредба со минатиот месец, а се предивува дека најлошото доаѓа.
Бројките за инфлацијата за октомври изгледаат мрачни за ЕУ. Во просек, инфлацијата во Европската унија се искачи на 10,7%, со пораст од 0,8% во однос на септември. Храната е за 13% поскапа од пред една година, додека енергијата е за 43% поскапа за просечното семејство.
Во Италија, на пример, растот на инфлацијата го следи европскиот просек и изнесува + 11,9%. Франција е подобра со нешто повеќе од 7%, додека најлошото е резервирано за балтичките земји кои граничат со Русија. И Естонија, Латвија и Литванија забележаа инфлација над 20% во ноември.